Јужна Кореа: Северна Кореја разработува нуклеарна боева глава

Јужна Кореја ја обвини Северна Кореја дека разработува ракета со нуклеарна боева глава и за таа цел се подготвува да лансира сателит во април.
- Нашата Влада смета дека проектот за лансирање во орбитата на т.н. сателит од Северна Кореја е сериозна провокација чија цел е да се разработи системот за голем дострел на балистички ракети со нуклеарно оружје, тврди официјален Сеул.
Јужна Кореја потврди дека севернокорејските планови ќе бидат главна тема на средбата на високо ниво во Сеул идната недела на која ќе учествуваат САД, Јапонија, Кина, Русија и ЕУ.
Северна Кореја објави дека меѓу 11 и 16 април ќе лансира сателит за набљудување за цивилни потреби. Пјонгјанг покани странски експерти и новинари да го проследат лансирањето на ракетата која ќе однесе во орбитата сателит. Според САД, ЕУ, Јужна Кореја и ОН тој чекор би бил непочитување на резолуција на ОН од 2009 година. Русија соопшти дека е сериозно загрижена, а Кина ги повика сите страни на конструктивна улога.
Овој суптилен жанр ги опфаќа убавините на Македонија, нејзините сакрални и природни споменици , културното и духовното наследство, традицијата, етносот, фолклорот, легендите, минатото и сегашноста...повеќе
