Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Шефот на Арапската лига стравува од избувнување граѓанска војна во Сирија

 

Генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби изрази стравување дека е можно да избувне граѓанска војна во Сирија, која ќе има последици за нејзините соседи.

- Да, се плашам од граѓанска војна. Настаните, за кои сега дознаваме, може да доведат до граѓанска војна, рече Ел Араби.

Во моментот во Сирија има набљудувачка мисија од Арапската лига, која следи дали таа го почитува договорот за прекин на репресиите на антивладините демонстранти.

- Секакви проблеми во Сирија ќе имаат последици за соседните земји, рече Ел Араби за египетската телевизија „Ал Хајат“.

Тој ги оцени како вознемирувачки извештаите на шефот на мисијата, но додаде оти нема сомнение дека убиствата во Сирија се намалиле по пристигнувањето на набљудувачите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Клуб ИН

повеќе

 

Чудесна земја

Овој суптилен жанр ги опфаќа убавините на Македонија, нејзините сакрални и природни споменици , културното и духовното наследство, традицијата, етносот, фолклорот, легендите, минатото и сегашноста...повеќе