Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Во Бон меѓународна конференција за иднината на Авганистан


Во Бон денеска ќе се одржи меѓународна конференција за иднината на Авганистан.

Претставници на 85 држави и 16 меѓународни организации ќе дискутираат во германскиот град за развојот на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на странските сили во 2014 година, кои во моментов се борат против талибанците и Ал Каеда.

Меѓу учесниците на конференцијата се министрите за надворешни работи на околу 60 земји, меѓу кои се Иран и Турција, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Учесниците се очекува да разговараат за идното предавање на контролата на безбедноста во рацета на локалната армија и полицијата, меѓународната помош на долгорочен план, како и евентуалната спогодба со талибанците за прекин на конфликтот.

Пакистан одлучи да ја бојкотира конференцијата, во знак на протест поради убиството на негова територија на 24 пакистански војници во воздушна операција на силите на НАТО.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Чудесна земја

Овој суптилен жанр ги опфаќа убавините на Македонија, нејзините сакрални и природни споменици , културното и духовното наследство, традицијата, етносот, фолклорот, легендите, минатото и сегашноста...повеќе