Пролетва ќе биде една од најлошите во последниве десет години во однос на алергиите

Секој четврти жител на Македонија има алергиски ринит. Еден од факторите кои предизвикуваат алергиски реакции кај луѓето се загадувањето на надворешната средина. Најчести симптоми се тегоби на очите, солзење, течење на носот, па дури и астматски напади.
Лекaрите предупредуваат оваа пролет ќе биде една од најлошите во последниве десет години во однос на алергии, а уште пофрапантен е податокот што секој четврти Македонец има некаква алергија.
Тегоби со органите за дишење, зачестено кивање, засилен секрет од нос, чешање на носот, 'рчење во текот на ноќта се најчести симптоми на алергијата. Честопати се јавува и чешање на очите и засилено солзење кое може да доведе и до проблеми со слухот. Лекарите советуваат, доколку некој ги почуствува овие рани симптоми веднаш помош да побараат од алерголозите.
Алергичните луѓе мора да ја примаат редовната терапија што им ја одредил лекарот. Тие што имаат силни симптоми мораат да носат очила или, пак, да седат во затворена просторија. Симптомите најчесто се најизразени кога има ветер, зашто тој ги разнесува поленовите зрна или пак влакненцата, правот и косената трева.
Најдобра заштита е да се избегне контакт со лицето кое е алергично.
Наглото затоплување, преставува шок за и крвните садови, поради што страдаат срцето и мозокот. Температурните разлики најчесто го покачува крвниот притисок, кој го зголемува ризикот од мозочен излив или срцев удар.

