Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Сообраќајот отежнат, забрани за тешки товарни возила на повеќе правци

 

Снежните врнежи низ целата држава го отежнаа одвивањето на сообраќајот. Засега нема прекини во авиосообраќајот, меѓуградскиот и железничкиот сообраќај,  додека во патниот има забрана за тешки товарни возила на повеќе правци.

Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во утринските часови се одвива отежнато и во зимски услови со врнежи од снег освен во источниот дел на државата.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Крива Паланка - Деве Баир, Р 409 Крак Маврово – Дебар, правец Струга – Ќафасан, Струга – Дебар, Македонски Брод – Прилеп (планински превој Барбарас), потоа планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. За сите останати моторни возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

АМСМ до сите возачи препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава на патните правци Катланово – Велес и Дебар – Струга каде има почеста појава на одрони. Интензитот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје информираат дека и покрај снежните врнежи нема одложувања во полетувањата и слетувањата. На аеродормот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се превидени полетувања и слетувања, но аеродромската писта е оспособена за прифаќање на воздухоплови.

Меѓународниот и железничкиот сообраќај се одвива според возниот ред, но со доцнења при тргнувањата на возовите заради отежнатите услови од снегот на појдовните места. Возовите пристигаат со вообичаени доцнења за  зимски услови  од над 10 минути, информираат од Железничката станица во Скопје.

Според Меѓуградската автобуска станица, засега нормално се одвива и меѓуградскиот автобуски превоз  со навремено тргнување на автобусите,  но со 15 минутни доцнења во пристигањето. Од меѓународните автобуски линии едночасовно доцнење е регистрирано  на автобусот кој сообраќа од Херцег Нови.

Управата за хидрометоролошки работи соопштува  дека пообилни врнежи од снег ќе има претпладне во западните и јужните делови, а ќе се формира и нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи од минус девет до нула степени.

Во Скопје слично време, со дневна температура до минус три степени.

 

 

 

 

 

Клуб ИН

Клуб ин и Сцена е забавен магазин...повеќе