Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Експерти од Катар ќе бараат нафта и гас во Македонија

 

 

Владиниот економски тим, предводен од премиерот Никола Груевски, денеска ја завршува официјалната посета на Катар со средби со претставници на компании, агенции и фондови од таа земја. Можностите за инвестирање во Македонија беа претставени и на вчерашниот бизнис-форум во престолнината Доха.

На средбата со министерот за енергија и индустрија на Катар, Мохамед бин Салех Ал Сада на која се разговараше за повеќе конкретни проекти од заеднички интерес и можностите за заедничка реализација и инвестирање на катарски капитал во Македонија посебен акцент беше ставен на проектите од областа на енергетиката, производството и преносот на електрична енергија, можностите за искористување на хидроенергијата и рударскиот потенцијал на Македонија, како и можноста за трговија со енергенси.

Катарската страна изрази сериозен интерес за понудените опции и истакна предлог околу можностите за истражување на наоѓалишта на нафта и природен гас во Македонија, како и можностите за инвестиции во гасификацијата на земјата. Во функција на продлабочување на соработката во идниот период, ќе се извршат дополнителни технички и комерцијални анализи на деталите и модалитетите на соработка.

Владината делегација ги презентираше поволностите и целисходноста од остварување заедничка соработка, како и можностите за остварување на оплодување на инвестираниот капитал.

Двете делегации заклучија дека посетата на специјалната катарска владина делегација на Македонија ќе биде од исклучителна важност за дефинирање на понатамошната динамика и интензитет, како и за реализација на проектите за кои се разговараше на средбата.

 

 

 

 

 

 

Чудесна земја

Овој суптилен жанр ги опфаќа убавините на Македонија, нејзините сакрални и природни споменици , културното и духовното наследство, традицијата, етносот, фолклорот, легендите, минатото и сегашноста...повеќе