Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Во 2050 година Кина ќе биде водечка економија во светот

 

Во 2050 година Кина ќе биде на прво место на листата на водечки економии во светот, се прогнозира во извештајот на британската банка Ејч-Ес-Би-Си.

Челната позиција на Кина во класацијата на водечките економии во светот нема да изненади никого, пишува францусклиот весник „Фигаро“.

На економската карта САД ќе бидат на второ место, а Индија - на трето. На челната петорка на водечките економии ќе бидат Јапонија и Германија. Челната десетка ќе биде дополнувана од Велика Британија, Бразил, Мексико, Франција и Канада.

Најголем скок до 2050 година ќе направат Филипините, кои ќе се искачат за 27 места до 16-то место на листата на водечките економии во светот. Останатите места од 11 до 20 ќе бидат заземени од Италија (11), Турција (12), Јужна Кореја (13), Шпанија (14), Русија (15), Индонезија (17), Австралија (18), Аргентина (19) и Египет (20).

За целите на извештајот банката внимателно проучила стотина држави. Освен класацијата од 30-те најголеми економии во светот во 2050, проучуваните земји се поделени и во три групи врз база на нивната брзина на економски раст.

Според извештајот, меѓу земјите кои ќе забележат раст до средината на векот ќе бидат Бугарија, Бразил, Мексико, Турција, Русија, Индонезија, Аргентина, Саудиска Арабија, Тајланд, Иран, Венецуела, Пакистан, Колумбија, Чиле, Нигерија, Романија, Унгарија, Либија, Бахреин, Литванија, Летонија, Кипар, Босна и Херцеговина, Белорусија, Ирак, Чешка, Кувајт, Мароко, Нов Зеланд, Сирија, Тунис, Хрватска, Јемен.

Освен категоријата земји со раст, има категорија и на земји со многу брз економски раст и такви со стабилен раст. Во 2050 САД ќе бидат во категорија на стабилен раст, заедно со Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Јужна Кореја и други.

Кина и Индија ќе бидат во категоријата на земјите со многу брз раст, заедно со Филипините, Египет, Малезија, Србија, Украина...

При изготвувањето на извештајот банката ги зела предвид критериумите како доходот по глава на жител, демографскиот раст, нивото на образование и демократијата, темпото на развој, додава францускиот весник „Фигаро“.

 

 

 

 

Клуб ИН

повеќе