Хашкиот трибунал издаде налог за апсење на Флоренс Артман
Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поренеша Југославија во Хаг издеде налог за аспење за поранешниот портпарол на Судот, Флоренс Артман.
Оваа поранешна француска новинарка во 2009 година е обвинета и осудена за повреда на тајноста на судот и за објавување на доверливи судски документи.
По жалабата на првичната пресуда, Артман беше осудена да плати парична казна од 7.000 евра. Судот во Хаг тврди дека казната се уште не е платена, иако Французинката се брани дека парите за казната биле префрлени на една француска сметка.
Во соопштените на овој меѓународен суд, што го пренесуваат лондонските медиуми, се наведува дека „на француските власти им е даден налог, со овластуванје да ја бараат, најдат, уапсат и задржат во затвор, француската државјанка Флоренс Артман“. Таа се соочува со затвор од седум денови.
Артман работеше како портпарол на Трибуналот во Хаг до 2006 година. По повлекувањето од таа функција, напиша книга под наслов „Мир и казнување“, посветена на судските процеси за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија. Во еден напис, таа откри детали од „доверливи документи“ за вмешаноста на српската влада во војната во Босна и Херцеговина, во деветедестите години од 20 век.
