Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Ардијан Фулани резибран за гувернер на Централна банка на Албанија

 

Ардијан Фулани и во наредните седум години ќе биде на чело на Централна банка на Албанја, откако неговата кандидатура синоќа ја подржаа 75 пратеници во албанскиот Парламент, меѓу кои и двајца од редовите на опозициските социјалисти.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, додека социјалистичкиот пратеник Едуард Шалси беше воздржан, двајцата негови сопартијци Арбен Малај и Бен Блуши гласаа „за“ реизборот на гувернерот, иако лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама јавно се поизнесе против кандидатурата на Фулани, кој пред седум години за прв човек на Цнтралната банка беше избран токму од социјалистите.

Владејачките демократи кога дојдоа на власт во 2005 година не беа наклонети кон Фулани, но сега тој за оваа функција беше предложен од премиерот Сали Бериша, поради како што образложи, неговата стручност во менаџирањето на ризиците што доаѓаат од светската финасиска криза.

Опозицијата го обвинува Фулани дека работи под директива на Владата дозволувајќи и профити од купувањето на хотелот „Дајти“ за потребите на Банката, па се до директното и индиректното финансирање на буџетскиот дефицит.

Социјалистите обвинија дека неговиот избор е поврзан и со судскиот процес против екс-вицепремиерот и лидер на Движењето за социјалистичка инеграција Илир Мета, бидејќи сопругата на Фулани е судијка во Судот во кој се води случајот.

Педесет и седумгодишниот Фулани е прв албански гувернер кој добива втор мандат и ја раководи Централна банка во време на две различни влади. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Клуб ИН

Клуб ин и Сцена е забавен магазин кој ќе се емитува 3 пати неделно во ударните термини на Аб Канал, под уредничката палка на Мелита Ракичевиќ...повеќе

 

Чудесна земја

.повеќе