АБ канал е новиот медиумски субјект чија амбиција е да стане број еден телевизија во Македонија. Амбициите се базирааат на крајно сериозниот пристап на инвеститорот кој ја опремува телевизијата со најсовремени светски телевизиски технологии, водечки на Балканот, како и вистинскиот избор на искусни новинарски кадри и професионалци од областа на техниката, логистиката и продукцијата.
Во стариот објект на Првиот приватен Европски универзитет се изградени две професионални студија со комплетна опрема, најсовремени апартмани за пост-продукција, канцеларии и работни простории со најсовремени услови. Наскоро, во рамките на телевизискиот комплекс ќе се почне со изградба и на продукциско студио од 1.500 квадратни метри - најголемо на Балканот.