Петка - Глава
Петка - Глава
Од 5 Ноември, на програмата на АБ Канал започна да се емитува дебатното шоу “Петка глава”. Се емитува во живо во четврток во 20.30 часот. Репризите се емитуваат во петок во 12.30 и во недела во 16.30 часот. Ваков тип на емиисја е нов и за прв пат се реализира во македонскиот телевизиски простор. Автор и водител на дебатното шоу “Петка глава” е Илија Николовски.
Во секое изднаие се третира одредена социјална тема. Во однос на содржината, учествуваат двајца гости со свои ставови, публика во студио и гледачи пред малите екрани. Сите тие имаат можност да ги изнесат своите мислења, ставови, коментари и да дискутираат на темата. Во однос на формата, дебатното шоу “Петка глава” е специфичен проект заради техничкиот израз кој нуди многу подвижни кадри. Целта е да се анимираат сите, да бидеме интересни и препознатливи. Тоа значи, гледачот да биде информиран, да предизвикаме реакција и сето тоа да биде направено на наш “гледлив” начин.
Досега беа третирани теми за: брак, проституција, свински грип, визна либерализација, јавни личности, заштита на лични податоци, абортус. Гости биле и ќе бидат компетентни, информирани и забавни личности кои оставиле особен пеачат: Силвана Мучиќ Плевнеш , Иван Анастасовски, Миленко Неделковски, Марија Кишман Христовска, Никола Пановски, Ѓорѓи Јолевски, Елена Лука, Слободан Чашуле, Хелена Роза, Данило Коцевски.

