Одблиску
Одблиску
Емисија во која гостуваат познати уметници, пејачи, актери, модни креатори, ТВ-лица... Зборуваат за актуелни настани, хит албуми, претстави, но и за себе, за својата кариера, живот, амбиции... Ни даваат можност публиката да открие многу повеќе за нив и да ги запознае одблиску не само како професионалци во својата работа туку и како личности.
По Антонија Шола, Нина Петковиќ, Александар Белов, Хари Варешановиќ, гостува Дражен Жериќ - Жера, фронтменот на "Црвена јабукa". Автор и водител на емисијата, која трае околу еден час и се емитува еднаш неделно, е Миланка Рашиќ.

