Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

 

Чудесна земја е серијал од документарни емисии кој со право може да се нарече пионер меѓу Тв проектите кои ги отсликуваат природните и сакралните богатства на Македонија, бидејќи тоа го прави на еден мошне интересен и веќе препознатлив начин...Сензибилитетот на емисиите  проткаени со традиција , етнос, мистерии, легенди, наука, историја, археологија, уметност, биодиверзитет....е всушност екстракт од сета таа кохезија,  есенција од душата на регионот ...
Овој регионален патеписен колаж  веќе 3 години се емитува на телевизија АБ Канал како првенче од областа на документарната програма, во нејзина продукција... Серијалот, прикажувајќи ги лицето и душата на нашата Македонија,  е првиот именуван, токму онака како што таа најдобро може таа да се опише, едноставно како ЧУДЕСНА ЗЕМЈА и ги освои симпатиите на публиката со првата сезона од 20 емисии, доверени на солидна екипа... Авторот на серијалот  Регина Икономовска подготвува нова сезона во која ќе може да уживате наскоро, од Ноеври, со премиери на секои две недели ...
Приказната за Македонија раскажана во стилот на Чудесна земја продолжува со нови регионални фрагменти чии почеток го најавува трилогијата Водно....
Термини за премиерните емисии и деталите за новата сезона ќе бидат дополнително најавени ....